ЛАВ

           Ако сте решиле да го уловите кралот на животните не смеете    ни за момент да заборавите дека имате работа со еден владетел, односно морате да водите сметка да бидете на висина на задачата. Мажот Лав секогаш ќе го заинтересира резервирана, таинствена, елегантна и недостапна жена. Лавот е типично “мажиште” верно на традицијата; не се исплаќа да му пријдувате затоа што тој сака иницијативата да биде од неговата страна. Тој мора да има впечаток дека тој прв ве забележал, а кога ќе останете насамо раскажувајте му за него. Восхитувајте му се, но избегнувајте ласкање, зашто тој сепак не е блесав. За да ја освоите жената родена во знакот на Лав додворувањето е обавезно. Морате да бидете отворени но тактични. Оваа жена бара почитување и уважување. Осетлива е на комплименти но рафинирани. За својата кариера раскажувајте и сериозно, затоа што за жената Лав најважна е кариерата на мажот.
Кога се работи за личност родена во знакот на Лав, било да е во прашање жена или маж, обавезно избегнувајте претерана слобода и простотија: Лавовите го ценат учтивото однесување. Во секој случај Лавот е достоинствен, силен и доминантен. Лавот мора да почувствува дека му се восхитувате. Но и вие морате да се однесувате како него: бидете горди, достоинствени, неустрашливи, за да тој може со вас да комуницира емотивно и интелектуално. Оставете му илузија дека тој ве освојува вас а не вие него. Лавот е елегантен и тоа го очекува од својот партнер. Води сметка за својот изглед, затоа што сака да биде во центарот на вниманието. Лавот во живот очекува голема љубов, избегнува комплицирани ситуации, но не сака повлечен живот. Вие морате да бидете човек од авторитет, амбиција, снага и енергија. Лавот ги обожава личностите кои победуваат, а за да ве сака тој мора да ви се восхитува. Ако не сака да види некои ваше особини, тој едноставно нема ни да ги забележува.